X
 11.03.2016 Технологија

Apple има идеја која би можела да спасува животи

Последниот патент на компанијата покажува како часовникот на „Apple“ би можел да открива здравствени проблеми кои бараат итен третман и да повика итна помош.


Уредите како паметните часовници веќе го олеснуваат набљудувањето на сопственото здравје. Сега, од компанијата „Аpple“ имаат идеја за подобрување на сензорите на нивниот паметен часовник и можностите за комуникација во итни случаи.

Нова пријава за патент на компанијата открива можност за повикување итна медицинска помош доколку корисникот на часовникот има итен здравствен проблем.

Паметниот часовник би ја забележал промената во телото на корисникот или во неговата околина и би го притиснал сигналот на телефонот кој би повикал помош. Корисниците на часовникот ќе може да состават листа од контакти кои би биле известени за време на итна ситуација.

Сè уште не е јасно дали ова ќе стане дел од опциите на паметниот часовник на компанијата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија