Според податоци од САД, бројот на пациенти со Паркинсонова болест се зголемува. Нов труд покажува дека оваа невролошка болест може да се детектира преку паметен часовник години пред да почнат симптомите.
Научниците ја мереле брзината на движење на учесниците во истражувањето во период од седум години со помош на паметни часовници. Истражувањето било спроведено на институт при Универзитетот „Кардиф“ во Обединетото Кралство.
Научниците анализирале податоци од 103.712 луѓе кои носеле паметни часовници во периодот од 2013 до 2016 година. Тие откриле дека податоците биле многу поточни отколку кој било друг начин на препознавање знаци на болеста.
Научниците тврдат дека со помош на податоците од брзината на движењето може да предвидат развивање на симптоми на Паркинсонова болест.
Овој метод може да помогне во откривање на болеста многу порано од досегашните методи. Најчесто, болеста се дијагностицира кога ќе се забележат симптоми. Освен тоа, овој метод е достапен за повеќе луѓе бидејќи голем дел од населението веќе користи паметен часовник.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay