Сингапур и компанијата „Епл“ подготвиле програма во која жителите ќе добијат ваучери доколку носат паметен часовник на „Епл“. Сингапурците што сакаат да добијат награда треба да ја преземат и да ја користат апликацијата за часовникот наречена „Лумихелт“, која ги поттикнува корисниците да исполнуваат цели за физичка активност, исхрана, спиење и друго.
Фото: Freepik
Жителите со ваков часовник што ќе ја користат апликацијата две години ќе добијат ваучери во вредност од 280 долари од министерството за здравје, а може да ги потрошат во некои
трговски центри и локации, како кафулиња, барови и ресторани.
Најновиот и најевтин часовник на „Епл“ се продава за 419 долари, па корисниците што успешно ќе ја поминат програмата ќе покријат околу 90% од сумата што ја платиле за часовникот.
Фото: Apple
Според заменик-премиерот на Сингапур, Хенг Сви Кит, ваквите програми се еден чекор напред кон достигнување на визијата да станат „паметна нација“ која ја користи дигитална технологија за подобрување на животот.
Автор: Сајмон Шарвуд
Извор:
theregister.com