X
 23.08.2015 Технологија

Часовникот на "Андроид" сега може да преведува цели разговори


„Google translate“ пристигна и на часовниците на „Андроид“. По останатите дополнувања кои ги доби часовникот неделава се наоѓа и оваа за превод. Апликацијата има цел да им го олесни зборувањето на странски јазик на корисниците.

Компанијата ја дизајнирала апликацијата на тој начин да функционира добро за формата на часовникот, односно преводот се прави со помрднување на зглобот.

Апликацијата за часовникот функционира само со 44 од 90-те јазици кои се достапни на „Google translate“. Меѓутоа, таа автоматски одредува кој од 44-те јазици се користи во моментот. За користење на апликацијата е потребен интернет, но не мора да биде поврзана со телефон.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија