Во Македонија во понеделник ќе биде претежно облачно со слаби врнежи од дожд, ветровито и постудено. Над 900 метри се очекуваат слаби врнежи до снег. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури во опаѓање и ќе се движат од -1 до 7 степени, додека пак максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 12 степени.
Во Скопје во понеделник ќе биде претежно облачно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 6 степени, а максималната дневна температура до 10 степени.
Во вторник по студеното утро во текот на денот ќе биде умерено облачно. Во североисточните и северните предели сончеви периоди, додека пак во југозападните, јужните и југоисточните со локални врнежи од дожд а над 800 метри со слаб снег. Максималните температури од 4 до 13 степени.
Во среда умерено облачно со сончеви периоди и дневна температура од 4 до 13 степени. Умерено облачно со сончево периоди ќе биде и во четврток и петок со максимални температури од 6 до 15 односно од 7 до 16 степени.
Weather4all.com.mk