Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и свежо време. Во попладневните часови во крајните западни и северозападни предели постојат услови за сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен и засилен северозападен и североисточен ветер. Tемператури ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината, утринските ќе се движат од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 11 односно до 21 степен.
Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 18 степени.
Македонија во петок и сабота ќе биде под влијание на поле на низок воздушен притисок кој што ќе донесе и нова нестабилност и локални врнежи од дожд но со слаб интензитет. Во петок врнежите ќе бидат проследени и со засилен северозападен и североисточен ветер. Максималните температури од 13 до 23 степени.
Во недела умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на температурите, па дневните ќе достигнат до 15 односно до 25 степени. Во понеделник претежно сончево со лолкална облачност и дополнителен пораст на максималните температури кои ќе се движат од 16 до 26 степени.
Weather4all.com.mk