X
 16.03.2016 Култура

Чудните правила за туристите во Северна Кореја

Можеби е најтаинствената држава во светот, меѓутоа Северна Кореја станува се` повеќе популарна туристичка дестинација - особено за туристите кои уживаат во одредени правила.

 

1


Додека мистериозната земја се` повеќе ги прифаќа туристите во последните години, вклучувајќи ги и оние од западот, таа не се колеба да го користи нивниот параноичен и пропаганден начин на процес.

Секој од проценетите 100.000 странски туристи кои ја посетуваат земјата секоја година треба да се придржуваат кон чудните закони и прописи.

Едно од првите правила за туристите во Северна Кореја е да не ја нарекувате Северна Кореја туку Демократска Народна Република Кореја.

Ова се некои од работите кои треба да ги очекувате доколку сакате да ја посетите земјата.

Не ви е дозволена никаква слобода или приватност

Ова и можеби не е некое изненадување со оглед на тоа што Северна Кореја се покажала како брутална тоталитарна држава, но ако сте личност со силно чувство на независност, тогаш подобро би било да размислите дали треба да ја посетите оваа земја.

 

1


Патувањето до оваа земја е возможно само како дел од добро кореографирана, строго контролирана тура на која ќе ве придружува туристички водич секоја можна секунда. Не смеете да одите никаде без нив.

Внимавајте на каде ја насочувате камерата


Повеќето земји се прилично строги за фотографирањето на воените зони, воениот имот и војниците, но постои уште подолга листа за тоа што смеете, а што не смеете да фотографирате.

Режимот е особено параноичен за одржување на тајноста на внатрешните работи, па дури и навидум безопасните фотографии како на пример луѓе кои шетаат на улица во главниот град Пјонгјанг може да бидат проблем.

 

2


Туристите треба да избегнуваат секакви сцени на сиромаштија и градилишта и фотографирање на луѓе без нивна дозвола. Секој кој ќе направи фотографија од споменик и статуа, мора да го опфати целото тело.

Спакувајте помал куфер

USB стикови, CD-иња, DVV, таблети, лап топи камери и други електорнски уреди ќе бидат проверени од царинските службеници откако ќе пристигнете во Северна Кореја - а тоа вклучува и проверка на вашата историја од веб пребарувачите. Тие бараат субверзивни материјали: се` што е критички настроено кон Северна Кореја или било каква порнографска или религиозна содржина што се забранети во земјата.

Она што не смеете да го понесете се и музика, филмови и пишан материјал од Јужна Кореја. Не е дозволен и GPS, сателитски телефони и камери со леќи поголеми од 150 mm.

Не го земајте вашиот мобилен телефон


Нема потреба да го земите вашиот мобилен телефон бидејќи нема интернет во земјата, а до неодамна беше и забрането носење на мобилните телефони. Но, правилото било поништено.

Мобилните телефони и камерите се одземаат привремено на граница за властите да се осигураат дека не содржат материјали против државата заедно со другите електронски уреди. Ако останете без телефон, тогаш можете да купивте во Северна Кореја.

 

северна


Размислете да се откажете од вашата вера за време на престојот

Ако верувате во Бог, можеби ќе сакате тоа да го оставите на граница. Северна Кореја е агресивна атеистичка држава. Неодамна, еден Американец бил уапсен во Северна Кореја откако случајно ја оставил Библијата во ноќен клуб.

Тој бил ослободен после деликатни дипломатски напори, вклучувајќи ја и шведската влада и вратен во Охајо.

Непријавените религиозни активности ви обезбедуваат апсење, притвор или протерување од државата.

Морате да ги почитувате нивните врховни лидери

Од вас се очекува да бидете вовлечени во култот на личноста на диктаторите на Северна Кореја. Туристите мораат да покажат почит кон поранешните и денешните лидери, а тоа вклучува и ставањ на цвеќе на статуите на Ким Ил Сунг и Ким Јон Ил и пколонување.

Непочитувањето на владата на Северна Кореја е голем прекршок и може да ве доведе до неволја. Пред само 2 месеци, 21 годишниот студент Ото Вармбиер бил уапсен во Северна Кореја поради „непријателски акт“ и обвинет дека влегол во земјата под маска на турист со цел да го собори раководството на државата“.

Тој наводно пиел вотка со неговите пријатели до 5 часот наутро.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура