X
 01.12.2017 Култура

Чести заблуди за познатите светски лидери

Повеќето од нас сакаат да мислат дека сме информирани - гледаме вести, читаме детални извештаи...

1

Но дури и најдеталните меѓу нас може да заборават некои работи што ги читаат. Весниците, магазините и веб-страниците за вести - сите сакаат добра информација, а тоа значи дека се обидуваат да ги поедностават вестите. Прочитајте вест на некоја реномирана веб-страница и ќе го забележите ова.

1. Ангела Меркел е либерален херој

Сигурно ја знаете Ангела Меркел. Канцеларка на Германија од 2005 година, Меркел е најмоќната политичарка во ЕУ. Весниците како „Гардијан“ и „Вашингтон пост“ ја нарекуваат „лидерка на слободниот свет“. Од друга страна, десничарските страници како „Бреитбарт“ ја нарекуваат „либерален херој“.

Перцепцијата е поддржана од единствените две политики што ги познаваат англиските говорници: поддршката на ЕУ и отворањето на вратите за сириските бегалци. Но, ова не е целата приказна на Меркел. Таа е поблиску до конзервативците како што е британската Тереза Меј, отколку до демократите. Впрочем, таа ја одобри забраната на бурката, гласаше против легализација на хомосексуалните бракови и (иронично) е авторка на манифестот што вели дека масовната имиграција ќе го загрози внатрешниот мир на Германија.

2. Џастин Трудо е вистински прогресивец

3

Трудо е вистински пример за машки прогресивец. Телегеничен, отворен феминист, кој ги отвори вратите на Канада за бегалците.

Но, реалноста е дека тој не е толку прогресивен како што го претставуваат медиумите. И покрај неговата реторика за родот и еднаквоста, премиерот не направи речиси ништо за да ги зголеми неговите прогресивни каузи. Досегашните анализи покажале дека родовиот напредок на Канада, откако Трудо е на власт, не доживеал никаква промена.

И покрај ова, Трудо насекаде во светот го гледаат како чудна комбинација на згоден Исус и прогресивен Супермен.

3. Лидерите на Саудиска Арабија се исламисти што ги мразат жените

3

Ако прашате некој по што е позната Саудиска Арабија, сигурно ќе ви каже - по оскудните права за жените. Теократската исламска петрократија се смета дека е толку религиозно конзервативна што не постојат основни човекови права. Сите имате слушнато за опасната религиозна полиција, кодексот на облекување и ограничувањата на саудиските жени.

Но она што не го знаете е дека овие информации се застарени. Откако кралот Салман го назначил својот син Мохамед бин Салман за негов наследник во јуни 2017 година, кралството ги укина сите тие луди политики. Мохамед им даде право на жените да возат, да одат на музички концерти (сами!) и да посетуваат спортски стадиони. Верската полиција ја нема повеќе моќта.

4. Владимир Путин е тактички гениј

4

Првиот човек на Русија, Владимир Путин, има посебно место во западната имагинација. Тој е човекот што раководи со светската сцена. Злобниот гениј, но сепак гениј.

Но оваа репутација и нема баш допир со реалноста. Последните геополитички потези на Путин дефинитивно не се во ред. Прифаќањето на Крим предизвика неколку санкции против Русија. Интервенцијата во Сирија го држи Асад на власт, и доведе до терористички напади против Русија и атентат на рускиот дипломат. Мешањето на изборите во Америка резултираше со Трамп. Со овие потези Русија сега е изолирана од светската сцена. По инвазијата на Украина, Евроазискиот сојуз остана само сон.

5. Аунг Сан Су Ки е исламофобичен хипокрит

5

Аунг Сан Су Ки од Бурма (Мјанмар) долго време се сметаше за женската верзија на Нелсон Мандела. По децении зборување за демократијата и против репресијата, Аунг го шокира светот оваа година одбивајќи да го осуди етничкото чистење на муслиманите Рохинџа од страна на бурманската војска, така што Аунг повеќе не се смета за светица.

Но постои еден проблем: Аунг никогаш не била светица. И покрај перцепцијата во странство, Бурма не стана демократија. Војската сè уште ги контролира границата и министерството за внатрешни работи. Целиот живот Аунг сонува да ја одведе Бурма до вистинска демократија. Ако зборува против војската сега, тоа може да го загрози целиот процес.

6. Кралицата на Британија има каква
било моќ

6

Елизабета Втора е најпознатата кралица. Постојат илјадници статии за чудните овластувања што таа ги има над Велика Британија и над делови од Комонвелтот. Дури и добро начитаните не-Британци би можеле да претпостават дека таа има голема моќ.

Но кралицата има моќ - на хартија. Во реалноста? Таа има помалку моќ од батлерот што ѝ носи чај на Тереза Меј. Во законот на Велика Британија, моќта на кралицата е пренесена на Парламентот и судството. Иако технички моќта ѝ припаѓа на кралицата, ако ја употреби, таа би предизвикала уставна криза и брзо распаѓање на монархијата. Интересно, постои една вистинска моќ над нејзините поданици: обвинителството не смее да ја гони.

7. Новиот чешки лидер е новиот Доналд Трамп

7

Најновата личност наградена со оваа титула е новоизбраниот чешки лидер Андреј Бабис. Додека ваквите наслови можат да ги олеснат странските вести за читателите, тие го искривуваат погледот на нештата. Бабис е човек што можеби има слични ставови со Трамп во врска со имиграцијата и исламот, но тој не се согласува со сè друго.

8. Лидерите на Јужна Америка се левичари што ја мразат Америка

8

Како регион од каде што потекнува Че Гевара, не изненадува тоа што Јужна Америка има репутација на левичарска нирвана. Од 26-те земји што дозволуваат хомосексуален брак, четири се во регионот - најголема групација надвор од Европа. Во 2000 година, „розовата плима“ го преплавила јужниот континент што резултирало со осум левичарски влади. Со тоа започнала антиамериканска политика. Дури и денес, регионот се гледа како антиамерикански и антикапиталистички.

Но оваа слика е застарена. Денес Аргентина и Бразил имаат централно-десничарски лидери, додека централно-десничарот Чиле Себастијан Пинера веројатно ќе победи на изборите во декември. Колумбија и Парагвај се предводени од десничари, Перу е предводен од центрист, а Еквадор во 2017 година ќе го избере првиот централно-десничарски лидер.

9. Колумбискиот претседател, добитник на Нобеловата награда за мир, е човек за мир

9

Претседателот Хуан Мануел Сантос од Колумбија е човекот што стави крај на 52-годишна граѓанска војна. По повеќе од пет децении брутален конфликт со лево-ориентираните бунтовници, Сантос успеа да договори примирје. За неговите напори доби Нобелова награда за мир.

Во овој момент можеби мислите дека Сантос е вистински „сантос“ (светец). Но тој својата кариера ја започнал како воен злосторник. Од 2006 до 2009 година Сантос бил министер за одбрана за време на претседателскиот мандат на Алваро Урибе, периодот кога војната со лево-ориентираните бунтовници била најжестока. Тоа е исто така период кога колумбиските војници почнале да киднапираат и да убиваат невини цивили и да ги облекуваат како герилци за да го зголемат бројот на убиени. Над 2.000 луѓе биле убиени додека Сантос бил министер.

10. Ким Јонг-ун ужива огромна моќ

10

Диктаторот Роберт Мугабе е доказ дека авторитарната влада може да се распадне за две недели.

Иако на Западот Ким Јонг-ун е прикажан како еден од најголемите диктатори во историјата на светот, сепак треба да се земе предвид дека и на владеењето на Мугабе му бил ставен крај. Тоа значи дека ништо не може да трае вечно.

Тае Јонг Хо е еден од севернокорејските дезертери што побегнале од режимот на Ким во 2016 година. Во 2017 година тој одржа интересен говор во кој предвидува дека се бројат деновите на владеењето на Ким затоа што технологијата им олеснува на Севернокорејците да видат каков е животот надвор од нивното царство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура