Дали сте емоционална личност? Дали се држите до вашите аргументи? На која од овие групи припаѓате? Според психолозите, постојат пет големи карактеристики на една личност.
Познат како петка фактор модел, или
FFM, оваа теорија за карактеристиките на една личност била формулирана од страна на психолозите Роберт МекКрае и Пол Коста во 1990 година.
Во суштина, теоријата вели дека сите луѓе спаѓаат во пет категории: совесност, согласност, невротичност, екстраверзија и отвореност кон искуства.
Совесност
Во врска со работната етика и организација на вештини, оние кои најмногу се поврзуваат со оваа карактеристика имаат тенденција однапред да планираат и сакаат високи постигнувања.
Имаат тенденција да се фокусираат и специјализираат во една тема, оние кои не се категоризираат како совесни имаат тенденција да мислат дека овој тип на личност е тврдоглав и опсесивен.
Согласност
Пријателски настроен и полн со сочувство се двете карактеристики кои важат за оваа личност. Исто така, овој вид на личност има тенденција да биде веродостоен и сигурен.
Екстраверзија
Оние кои се екстровертни и оние кои се доста социјални во нивниот живот, припаѓаат на овој тип на личност; тие се хранат од интеракцијата со другите луѓе. Зборлести, енергични, наметливи и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Оние кои не се вклопуваат во оваа категорија имаат тенденција овие личности да ги гледаат како доста доминантни и желни за внимание.
Невротичност
Имате пријател кој секогаш е негативен и гледа лошо дури и во добрата ситуација? Луѓето кои спаѓаат во оваа категорија често пати реагираат негативно на ситуациите или можните сценарија и чувствуваат повеќе нервоза или се ранливи во споредба со другите. Често пати луѓето кои не спаѓаат во оваа категорија овие луѓе ги перцепираат како несигурни и нестабилни.
Отвореност кон искуство
Овој тип на луѓе сакаат да учат, креативни се и доста креативни. Ако спаѓате во оваа категорија тогаш сакате промени и различност, наместо рутински начин на живот.