X
 27.04.2022 Живот

Кафуле за одложувачи: Не може да излезете додека не ја завршите работата

Кафулињата се места на кои се одмораме или се дружиме со пријателите, но некогаш се користат и за работа и учење. Едно кафуле во Токио е наменето токму за учење и работа на студентски проект.

Кафулето се нарекува „Манускрипт рајтинг кафе“ и е создадено за да им помогне на посетителите да завршат некоја обврска поврзана со учење или пишување во даден рок. Кафулето не пушта посетители кои немаат рок за завршување на некоја задача, а не може ниту да го напуштите местото доколку не ја завршите задачата.


Фото: Koenji Sankakuchitai

На влезот пишува дека кафулето ги пушта само оние луѓе што имаат рок за пишување за да им помогне да го задржат фокусот на работата.

Има и други правила за посетителите. При влезот треба да напишете резиме за работната задача, а на секој час, едно лице ве проверува како напредувате со пишувањето и ќе ве пушти да си заминете само кога ќе завршите.


Фото: Koenji Sankakuchitai

Кафулето ги наплаќа услугите по час. Би прифатиле да учите и да работите во вакво кафуле?


Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот