X
 06.10.2019 Спорт

Фотографии од спортисти ја покажуваат сета нивна агонија

Животот на професионалните спортисти подразбира одрекувања, дисциплина, замор, целосна посветеност. Замислете од детството да сте насочени само кон тоа едно нешто и кога конечно ќе дојдат вашите пет минути, вие да бидете помалку фокусирани, да паднете, да изгубите.

Статистиката вели дека само еден од сто млади спортисти станува познат. Луѓето од фотографиите имале среќа да бидат тој еден спортист и несреќа да не ја искористат својата шанса поради повреда. Затоа и гримасите на нивните лица се уште поужасни. Тие не ја отсликуваат само физичката, туку и психичката болка.

Инглиш Гарднер од Америка се повреди на трка на 100 метри



Марјан Закаљницки од Украина на финишот на маратонот


Рози Кларк од Англија поради жештините во Доха не може да го оствари својот најдобар резултат


На Анџелика Бенгтсон од Шведска, која на Светското првенство во атлетика се натпреварува во дисциплина скок со стап, при скокот стапот ѝ се скрши на два дела


Новаќ Ѓоковиќ кога си го повреди рамото на Вимблдон


Браима Санкар Дабо од Гвинеја Бисао му помага на Џонатан Басби од Аруба да стаса на финишот од трката на 5.000 метри во Доха


Џована Епис од Италија колабира на маратонот во Доха



Дали сè уште мислите дека им е лесно?

Фото: Noizz
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт