X
 18.03.2016 Живот

Најчестите грешки кои ги прават родителите

Удоволување, прекумерни пофалби или прекумерна строгост се само неколку од најчестите грешки кои ги прават родителите, вели психологот Мајк Лири.

 

дете


„Сум бил сведок на толку добронамерни постапки кои оставија сериозни последици“, вели психологот Мајк Лири, набројуваќи некои од најчестите грешки кои според негово искуство, навистина можат да им наштетат на децата.

1. Давање преголем избор


Голем дел од родителите мислат дека на децата треба да им понудат повеќе избори, а тоа всушност може да биде премногу сложено и оптеретувачко за нив.

2. Пофалба за се`


Се` повеќе и повеќе децата се зависни од пофалбите и не се подгтовени да направат ништо ако не добијат нешто за возврат.

3. Настојување детето постојано да се прави среќно

Не е наша работа да ги направиме среќни туку да ги научиме самите себеси да се прават среќни.

4. Удоволување

Купувањето работи делува како пат до среќата, но тоа е всушност пат кој води до зависноста и опсесијата.

5. Пренатрупаност со обврски

Грешка е ако родителите мислат дека со пренатрупаноста на активностите, посебно спортските, детето нема да прави глупости. Всушност, пренатрупаноста може да предизвика стрес и насилно однесување.

6. Постојано потенцирање колку детето е паметно

Родителите често пати ги преценуваат своите деца па постојано им кажуваат колку многу се паметни. Но, тоа може да ги направи арогнатни, горди и склони кон омаловажување на другите.

7. Наметнување дека религијата ќе ги спаси и ќе им всади морални вредности

Ако децата ја забележат дволичноста кај своите родители, тогаш целиот нивни вредносен систем ќе биде компромитиран.

8. Криење факти за важни теми како што е сексот

Многу родители ги избегнуваат овие тешки теми како што е сексот. Но, денес децата многу повеќе се заинтересирани и потребно е да знаат за да одат во правилна насока.

9. Претерување со критики


Склони сме да веруваме дека големата строгост и барањата водат кон успех кај нашите деца. Наместо тоа, водат до перфекционизам и претерано строг однос кон себеси. Кога овие деца грешат, тие се омаловажуваат себеси и стануваат толку самокритични што се подготвени самите да се повредат.

10. Исмејување, заканување и засрамување

Никогаш не ги уценувајте децата и не ја условувајте вашата љубов кон нив.

11. Принудување да прави нешто за кое не е зрело


Имав пациент кој уште на четири години морал да се грижи за помалото братче и сестриче. Бидејќи беше приморан да ги порасне децата уште како деца, подоцна не сакале сето тоа да го повторат и да имаат деца.

12. Постојано седење пред екран

Ова се однесува и на телевизијата, видеото, игрите, телефонот, пораките. Децата треба да имаат ограничено време за седење пред екран.

13. Недозволување децата да се досадуваат

Некои родители мислат дека децата треба цело време да бидат нешто зафатени и така се обидуваат да ги спасат децата од досада.

14. Спречување децата да се соочат со последиците од своите постапки

Родителите со најдобра намера на децата им обезбедуваат се`, а потоа се зачудени кога тоа не цени ништо. Мора да ги оставиме да научат дека неуспесите и грешките се само уште еден начин за стекнување на мудрост и искуство.

15. Чување од опасни игри


Во шумските градинки низ светот децата помалку се разболуваат и подобро се прилагодуваат. Во однос на децата во класични градинки, помеѓу децата во шумските градинки има повеќе сложување.

16. Пропуштање да позборувате со децата пред спиење


Децата најдобро заспиваат и се чувствуваат сакани кога гледаат дека родителите ги интересира што се случува во нивниот живот.

17. Нечитање пред спиење


Тогаш децата се мирни, тивки и расположени за мечтаење. Така се подгтовуваат за на училиште каде треба да слушаат и да ја искористат нивната креативност.

18. Прерано откажување од цуцлата


Цуцлата е симбол на несигурност, но несигурноста нема да исчезне ако на детето му се одземе цуцлата.

19. Неодговорност кон исхраната на детето

Кога детето постојано го прашувате дали е јадено, тоа премногу ќе јаде.

20. Удирање на деца постари од пет години

Родителите мислат дека со тоа ќе им направат добро, но физичката казна никогаш не е толку ефикасна колку љубовта. Честото тепање предизвикува лутина, агресија, страв и слепа послушност. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот