Испитната сесија е обично време на сомнежи и грижи и за студентите и за родителите. Ако на вашиот студент му претстои испитна сесија, постојат начини на кои може да помогнете како родители.
Очекувањата се важни – многу студии покажале дека поставувањето на големи очекувања на студентите има позитивно влијание на исходот. Исто така комуникацијата со децата за нивните задачи се особено важни. Покрај високите очекувања, секако треба родителите да понудат и соодветна поддшка за тие со сигурност да добијат добри оцени.
Неуспесите се можности за учење – испитната сесија е емотивен ролеркостер со серија на падови и подеми. Неодамнешна студија утврдила дека децата се многу вешти во идентификување на тоа како нивните родители го гледаат неуспехот. Оние кои гледаат на грешките можности за учење е поверојатно да ги развијат своите способности.
Не функционираат сите техники за преиспитување – родителите треба да знаат дека сите техники на повторување не се еднакви. Секој студент индивидуално треба да си одреди која техника на учење му одговара.
Користете рокови, и избегнувајте одлагања – луѓето погрешно го оценуваат времето кое им е потребно за да завршат задача. Според истражувањата најдобар начин да се избегне ова е да се постават јасни рокови, кои, ако се поставени заедно со родителите, е поверојатно дека студентите ќе се придржуваат до нив.
Тргнете го телефонот на страна – во денешно време е тешко да се помине еден час без телефон, но ако родителите се вклучат во играта, можеби операцијата ќе биде успешна. Ќе им помогнете на децата да им се зголеми концентрацијата, да им се подобри меморијата и да им се намали стресот и анксиозноста.
Ако студентите спијат правилно, размислуваат правилно – многу студенти ги жртвуваат ноќите за да повторуваат пред испит, но ова е сосема погрешно. Исто така, грешка е ако постојано одат да спијат во различно време или ако пијат кафе доцна навечер. Родителите треба да помогнат да се спречат овие навики.
Изнесете ги младите надвор од куќата – точно е дека треба да се повтори сиот
материјал, но исто така важно е да излезат на воздух барем еднаш во денот.