X
 23.03.2017 Живот

Како да се постапува со „чудо од дете“?

„Вундеркинд“ или чудо од дете е она кое може и знае да го направи она што неговите врсници уште не умеат.


Многу рано започнуваат со читање, пишување, можат дури и да решаваат интеграли. Се случува детето забрзано да се развива, па на тоа дете му е потребно дополнително внимание. Психолозите сметаат дека треба особено да се обрне внимание на неговиот физички, општествен и емоционален развој, бидејќи интелектуалниот секако се развива со голема брзина.

Психолозите советуваат детето да се учи да комуницира со своите врсници, да ги разбира сопствените и туѓите чувства. Надареното дете, поточно не е само дете кое се развва побрзо, туку и различно од повеќето деца.

Често како проблем кај овие деца се јавува и чувството „не сум како сите останати“, бидејќи на нив уште од детството им се посочува дека се посебни. Спрема таквите деца треба да се однесува како кон бременост во ран стадиум. Тоа не е болест, но секако е посебна состојба. Може да заврши со голем успех, но и не мора да значи, посочуваат експертите. Сепак и двете ситуации се нормални. Психолозите, советуваат, едноставно родителите да го следат развојот на ваквото дете, да го сакаат, постојано да комуницираат и разговараат, односно односот кон ваквите деца треба да биде еднаков како и кон сите останати – посветен и полн со грижа и љубов.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот