X
 19.03.2016 Живот

Почина актерот Ацо Јовановски

На 85-годишна возраст, синоќа во Скопје почина актерот Ацо Јовановски, бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го помина во Драмскиот театар од Скопје.

 Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 година во Скопје. Детството, младоста, школувањето и комплетната работа досега го поминал во Скопје. Роден е во маалото кое тогаш го викале ”Циган Маало”. Татко му бил чиновник, а мајка му домаќинка. Инаку има и шест браќа и сестри. Со големо залагање на неговиот татко успеал да ги одгледа сите. Како дете бил палав. Во детските години тој заедно со своите другари се криеле од родителите и оделе на плажа на Вардар. Тој многу сакал да оди на претстави но тогаш настапила Втора светска војна. Во 1941 година во периодот на војната бугарите дошле и направиле ансамбал од познати бугарски артисти. Тоа било втор ансамбал по квалитет во Царствотвото Бугарија.

По војната, во 1944/45 година се формирал македонски театар, којшто бил многу посетуван од народот како и од Ацо, бидејќи се зборувало на македонски. За тоа Ацо вели: “ Одевме со големо задоволство да гледаме претстави, конечно на својот мајчин јазик “. Тогаш за прв пат ги сретнал Петре Прличко, Тодорче Николовски, Илија Милчин, Марија Бошкова, Илија Џувеликовски...

Некаде во 1948 година излегол конкурс за Глумечка школа каде во конкуренција од околу 40-50 души, го примиле и Ацо. Тогаш го почнал своето тригодишно школување. Во последната година од глумачката школа го ангажирале во првиот македонски филм “Фросина”. По земјотресот во 63 Ацо Јовановски оди во МНТ каде се задржува 13 години, каде станува еден од најдобрите македонски глумци. До идењето во пензија во 1995 година има одиграно околу 100 премиери во театарот и околу 40 премиери на филм.

Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година.

Ацо Јовановски е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“.

Јовановски има одиграно околу 40 филмски улоги.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот