X
 20.10.2020 Култура

Арон Твејт, единствен во својата категорија номиниран за „Тони“, сепак може да изгуби

Номинациите за наградите „Тони“ за 2020 беа објавени минатата недела. Категоријата за најдобра изведба од страна на актер во водечка улога оваа година е оставена на само еден актер, Арон Твејт, за неговата улога како Кристијан во мјузиклот „Мулен руж“. Тој е единствениот што бил номиниран за наградата во оваа категорија.

Твејт досега не добил награда „Тони“, па сега може да биде сигурен дека ќе добие, зарем не? Но, сè уште има шанси да не ја добие наградата.



Според правилата, доколку актер/ка е единствен/а номиниран/а во одредена категорија, тој/таа може да победи само доколку собере над 60% од гласовите. Доколку има воздржани гласачи и не се соберат барем 60% од гласовите, никој не ја добива наградата. Сепак, реалните шанси да се случи ова се мали.


Автор: Стеф Панекасио
Извор: cnet.com
Фото: YouTube Screenshot
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура