X
 20.03.2016 Образование

Најважната работа на која треба да ги научиме своите деца

Лиса Фајрстоун за „Psychology Today“ пишува зошто емоционалната интелигенција е најбитната работа на која може да ги научиме своите деца. Лиса предавала психологија на ученици од 7 до 14-годишна возраст со години. На своите часови, таа ги поттикнувала учениците да размислуваат за своите чувства и ставови, како и на чувствата на останатите. Резултатите честопати ја изненадувале.


Пречесто, родителите мислат дека нивните деца се неспособни за разбирање на емоционалните проблеми во сопствениот свет, смета таа.

- Често ги заштитуваме со одбегнување на проблематични и помалку пријатни теми. Но, може да ви кажам од искуство дека децата апсорбираат многу. Речиси веднаш откако започнат со зборување, децата може да научат да ги препознаваат и изразуваат своите чувства. Во околина во која за чувствата се зборува отворено, повеќето деца ќе зборуваат слободно за своите чувства и ќе сочувствуваат со своите соученици - вели таа.

Децата постојано забележуваат, реагираат, се адаптираат и развиваат идеи врз основа на своите емотиционални искуства.

- Кога ги учите децата на емоционална интелигенција, како да препознаваат сопствени чувства, да разберат откаде доаѓаат и да научат како да се служат со нив, ги учите најважни вештини за успех во нивниот живот - додава Лиса.

Навистина, истражување покажало дека емоционалната интелигенција „предвидува над 54% од варијациите на успехот (врски, ефективност, здравје, квалитет на живот)“. Згора на тоа, постои доказ дека младите луѓе со висока емоционална интелигенција имаат повисоки оцени и прават поздрави избори.

Како родители, кога се нема начин за соочување со сопствените чувства, се доаѓа до проблем и во учењето на децата да се соочуваат со нивните. Лиса советува започнување со 5 елементи кои ќе придонесат за личниот успех на индивидуата:

- Самосвест - познавање на своите чувства.

- Самоавтоматизација - способност за регулација и контрола на начинот на кој реагираме на нашите чувства.

- Внатрешна мотивација - препознавање на она што е битно во животот.

- Емпатија - разбирање на чувствата на останатите, сочувствување.

- Социјални вештини - способност за создавање социјални врски.

Сите пет елементи на емоционалната интелигенција може да бидат научени на било која возраст. Процесот започнува со признавање бидејќи само кога ќе знаеме каде сме ќе бидеме способни да се смениме во она што сакаме да бидеме.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование