X
 21.07.2016 Живот

Што децата имаат да кажат за своите мајки?

мајка 

 

Зошто Бог ја создадал мајката?


1. Затоа што само таа знае каде се наоѓа лепилото.
2. Воглавно за да ја чисти нашата куќа.
3. За да ни помогне да излеземе онаму од каде се раѓавме.

Како Бог ја создал мајката?

1. Користеше прашина, како и ние.
2. Со магија плус супер сила и многу мешање.
3. Бог ја создаде мојата мајка исто како мене. Само користеше поголеми делови.

Од кои состојки е направена мајката?


1. Бог ја направи мама од облаци и ангелска коса и сета убавина во светот, и трошка злоба.

2. Тој мораше да започне од коските на мажот.

Зошто Бог ти ја даде токму твојата мајка, а не друга?


1. Бидејќи сме роднини.
2. Бог знаеше дека ме сака многу, повеќе отколку што би ме сакала друга мајка.

Каква била твојата мајка како девојка?

1. Мојата мајка отсекогаш ми беше мајка и ништо друго.
2. Не знам, не бев таму, но би рекла вистинска шефица.
3. Ми имаат кажано дека некогаш беше многу добра.

Што мајка ти требаше да знае за татко ти пред да се венчаат?


1. Неговото презиме.
2. Мораше да го знае неговото минато. Каков е, дали е крадец? Дали се пијани од пиво?
3. Колку заработува плата, дали се дрогира и дали воопшто ќе ѝ помага низ дома.

Зошто твојата мајка се омажила за твојот татко?


1. Мојот татко готви највкусни шпагети. А мама многу сака да јади.
2. Стана престара за да прави било што друго со него.
3. Мојата баба вели дека тогаш мама немала капа на глава за да размислува.

Кој е шеф кај вас дома?


1. Мама не сака да биде шеф, но мора, бидејќи тато е будалест.
2. Мама. Може да се заклучи по инспекцијата на собата. Таа гледа работи кои се и под креветот.
3. Мислам мама, затоа што мора да работи многу повеќе од тато.

Која е разликата меѓу мајките и татковците?

1. Мајките работат и на работа и дома, а татковците само на работа.
2. Мајките знаат како да разговараат со наставничките, а да не ја исплашат.
3. Татковците се високи и силни, но мајките ја имаат вистинската сила, бидејќи нив мораш да ги прашаш ако сакаш да спиеш кај другарка.
4. Мајките имаат магија, тие прават да се чувствуваш подобро, без лекови.

Што твојата мајка прави во слободно време?


1. Мајките немаат слободно време.
2. Таа плаќа сметки цел ден.

Кога би можел/а да промениш една работа кај твојата мајка, што би променил/а?

1. Има некоја чудна идеја дека постојано треба да си ја средувам собата.
2. Би ја направила попаметна. Тогаш би знаела дека за се' е виновна мојата сестра, а не јас.
3. Би сакала да се ослободи од невидливите очи за кои вели дека ги има на грбот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот