X
 21.03.2016 Живот

Што треба да знаете доколку сакате да ја посетите Куба?

Изминатата недела, претседателот на САД, Барак Обама, ги намали условите за патување на Куба токму пред неговата посета, која започна од денес. И покрај овие промени, Американците сè уште не можат да патуваат во Куба како турист. Тие треба да имаат план за образовни активности за островската нација.


Имено, американските туристи мора да потврдат дека нивната посета е за барем една од 12-те наведени причини, меѓу кои образовни размени и искуства. Ова значи дека Американците кои сакаат да патуваат сами на островот, како туристи, мора да имаат план за активностите, според новите правила. Групните патувања кои ги имаат овие планови ќе имаат предност.

Она што треба да го знаат сите нови туристи во оваа нација е дека хотелските соби се тешки за резервација. Интересот за патување во Куба се зголемил, но бројот на достапни хотелски соби во Хавана не се зголемил.

Патниците може да се одлучат и за приватен престој, а едно место кадешто може да се најдат соби и станови е „Airbnb“, кадешто има огласи за соби и за 15 долари по ноќевање.

Со оглед на тоа што резервациите во некои домови не се потврдуваат со депозит бидејќи многу жители на Куба немаат сметки во банка, постои ризик да се остане без соба, иако била резервирана.

Конечно, за Куба е потребна готовина. Кредитните картички не функционираат таму, па сè се плаќа во готовина.

Инаку, за македонските државјани не е потребна виза за патување во Куба.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот