Постои паметен трик кој ви го овозможува „Google Street View“ со кој можете да патувате низ времето.
Се' што треба да направите е да кликнете на копчето во вид на часовник кое се наоѓа на горниот агол на екранот од левата страна додека гледате некое место.
Со тоа ќе добиете историски податоци за таа слика кои датираат уште од 2007 година.
Опцијата беше лансирана во 2014 година кога „Google“ рече дека собира историски фотографии од претходните колекции кои датираат од 2007 година со цел да создаде временска капсула од светот.
„Можете да гледате како се менувал пејзажот на одредени места како што е „Freedom Tower“ во Њујорк или Светскиот стадион од 2014 година во Форталеза, Бразил.
„Оваа нова опција исто така може да служи како дигитален времеплов на неодамнешната историја, како реконструирање после земјотресот и цунамито во 2011 година во Онагава, Јапонија“.
Пејзаж од Њујорк, 2011 година
Пејзаж од Њујорк, 2012 година