Златната доба на американскиот футуризам предизвика многу технолошко-утопистички и футуристички соништа за блиската иднина.
Некои предвидуваа дека ќе ги имавме колонизирано ѕвездите и ќе имавме изградено лебдечки згради во вселената. Други беа сигурни дека идните автобуси ќе можат да одат на подводни патувања за да ги видат чудата на океаните. Но, ниту едно од овие предвидувања не стана реалност во 2020 година.
За да ги одржи овие туристички соништа во живот, „Баџет дарјект травел иншуранс“ одлучи да најде некои од најдобрите визии за иднината на туризмот и патувањето и да ги донесе во живот. Оваа серија прикажува што мислеле луѓето од 90-тите години на минатиот век за тоа како ќе патуваме денес.
Подводен автобус за тури (1932 година)
- Чудата на океаните можат да се видат од подводниот автобус! Подводната турнеја почнува од плиткото. А клаустрофобичните туристи воопшто не треба да се грижат дека ќе заглават. Делот кај патниците може веднаш да биде ослободен за да плови во случај на дефект.
Пронаоѓачот бил инженер од Ница кој верувал дека ваквите патувања ќе се случуваат во иднината. Исто така, тој развил подводна железница за вагони. А кислородот ќе биде достапен преку телескопски цевки што се издигнуваат над брановите.
Концепт на амфибиско комбе (1947 година)
Индустрискиот дизајнер Робер Зејдман го измислил ова амфибиско комбе откако видел експериментални возила што излегле од морето во текот на Втората светска војна. Ова комбе располага со вграден бар, простор за морска опрема и дел што се отвора за да стане пилотска кабина.
Крос-кантри брод за крстосување (1957 година)
- Ако не ви се допаѓа идејата да бидете заглавени на брод на море со недели, тогаш размислете за овој крос-кантри брод. Овој брод има меки гуми како воздушни перничиња кои можат да се управуваат на каков било терен.
Бродот бил создаден од илустраторот на научна фантастика Френк Тинсли за списанието „Механик илустрејтет“ во 1957 година. Но, технологијата со тркалата е базирана на патентираните гуми „ролигон“ на Вилијам Х.Албе.
Футуристичка вила за одмор (1957 година)
Визијата на Џејмс Р. Пауерс била луксузен дом во близина на океанот со стакло и заштита од сонцето. Вилата вклучува и подводна палуба за набљудување и комбинација од балкон и хелипад.
Славниот дизајнер Пауерс ја нацртал куќата како заднина за неговите идеи за возила што ќе ги возиме за да стигнеме дотаму. Пауерс работел во студиото за напредно стилизирање на „Форд“ и бил охрабрен да замислува идни возила што не би биле спречени од секојдневните активности.
Одмор во вселенска колонија (1977 година)
Кон крајот на 70-тите години НАСА била сигурна дека колонизацијата на ѕвездите е следниот голем подвиг, па го изнајмила уметникот Рик Гвидис да ги илустрира нивните извештаи за овие големи вселенски живеалишта. Тој направил инспиративни илустрации за тоа како би можеле да живееме.
Вселенските колонии би се користеле за рударство надвор од Земјата и производство на огромни летала во нулта-гравитација. Но сите тие работници требало некаде да живеат и да се забавуваат. Градот што го
замислувал Гвидис бил цел со зеленило, езерца, лебдечки згради и огромни стаклени куполи што додаваат чувство на пријатност и релаксација.