X
 02.05.2021 Уметност

Тајванското „село на виножитото“ веројатно е најшареното село во светот

Ветеранот Хуанг Јунг-Фу почнал да ги бои ѕидовите на куќите во селото во кое живее за да му помине времето. Истовремено, неговите соседи си заминувале од тајванското село, а Тајван модернизирал и реновирал повеќе делови од земјата.


Јунг-Фу продолжил да слика мурали дури и кога си заминал и последниот жител, освен него. Набрзо целото село било шарено поради уметноста на Јунг-Фу. Владата сакала да изгради нови згради во селото и покрај новиот изглед. Тогаш група студенти ги забележале шарените мурали на Јунг-Фу и отвориле петиција за да ги зачуваат неговите дела, а нивните напори биле успешни.



Јуанг-Фу, кого го нарекуваат „дедо виножито“, продолжува да црта во „селото на виножитото“ и денес, додека го чека 100-тиот роденден. Јунг-Фу црта секакви форми: мечки, мачиња, кучиња и други фигури. Тој дури црта и на улиците, а тоа создава чувство дека се наоѓате во видеоигра.



Селото станало позната туристичка дестинација, а во него има и продавница за сувенири и мало кафуле во кое секогаш има маса резервирана за Јунг-Фу.


Извор: unusualplaces.org
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност