Одамна се зборува за интервјуата за работа на „Google“. Имено, познато е дека од компанијата понекогаш може да им постават загатки на своите кандидати за да ја проверат нивната интелигенција. Во продолжение најдете една која се искористила за време на интервју во компанијата.
Сто затвореници и една сијалица
Има 100 затвореници во самици. Има централна дневна соба со една сијалица, која е исклучена. Ниту еден затворен не може да ја види сијалицата од својата ќелија. Секој ден, чуварот одбира еден затвореник по случаен избор и тој затворен оди во дневната соба. Додека е таму, тој може да ја вклучи сијалицата доколку сака.
Затвореникот ја има и опцијата да тврди дека сите 100 затвореници биле во дневната соба досега. Ако ова тврдење е лажно, сите затвореници ќе бидат убиени. Но, ако е точно, сите затвореници ќе бидат ослободени и примени во МЕНСА бидејќи на светот секогаш му недостасуваат уште паметни луѓе. Тврдењето мора да биде направено само ако затвореникот е 100% сигурен во неговата точност.
Затворениците имаат право да се соберат една вечер во дворот и да состават план. На каков план треба да се согласат за некој да има точно тврдење и тие да бидат ослободени?
Одговор
На почетокот, затворениците одбираат лидер. Секогаш кога затворен (со искучок на лидерот) влезе во собата, ќе ја вклучи сијалицата (но само еднаш). Ако сијалицата е вклучена, не прави ништо. Кога лидерот ќе влезе во собата, тој ќе ја исклучи сијалицата. Кога ќе ја исклучи сијалицата 99 пати, тој е сигурен дека секој бил во собата.