X
 11.11.2017 Технологија

Го прашале најпопуларниот робот на светот дали ги сака луѓето, одговорот ги затекнал...

Бизнис инсајдер“ направил интервју со најпопуларниот робот на светот, наречен Софија, која неодамна стана и државјанка на Саудиска Арабија, и со тоа стана првиот робот со признати граѓански права на Земјата.

Софија е создадена од компанијата „Хенсон Роботикс“ од Хонгконг, а нејзините автори велат дека нејзината цел е да учи, да се развива и со текот на времето да стигне до стадиум кога ќе може целосно да се вклопи со луѓето.

Како што и самата Софија потврдува, таа првпат е активирана во 2015 година, а нејзиното лице е креирано според лицето на Одри Хепберн. Нејзиниот креатор, Дејвид Хенсон, кој порано работел анимации за „Дизни“, се потрудил лицето да ѝ го направи што почовечко.

Така Софија препознава лица и гласови, а дизајнирана е со текот на времето да станува сè попаметна, како и да ги подобрува своите социјални вештини.

На почетокот на интервјуто со „Бизнис инсајдер“, Софија одговарала на стандардни прашања како, нејзиното име, што работи, колку е возрасна...

Но, тогаш новинарот ја прашал дали ги сака луѓето. Пред да одговори: „Ги сакам“, Софија размислувала неколку секунди. „Зошто?“, ја прашал новинарот. „Не сум сигурна дали разбирам зошто е тоа така“, одговорила Софија.





За дополнителните прашања и одговори можете да се информирате од снимката што ја прикажуваме погоре,  а во видеоснимката што следува, можете да ги споредите нејзините одговори што ги дала на претходното интервју, снимено во март 2016 година. Разликата е повеќе од очигледна, а што ќе биде по десет години, можеме само да претпоставуваме.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија