X
 17.02.2020 Живот

Нов начин на вработување - работа за првиот што ќе се пријави на интервју

Речиси сите компании ги проверуваат кандидатите кога бараат нов потенцијален вработен. Но, ова лето „Боди шоп“ ќе стане првата компанија што ќе почне да применува различен пристап наречен „отворено вработување“.

Што значи тоа?

Секојпат кога има потреба за вработување, речиси секој што ќе аплицира и ќе ги исполнува најосновните услови ќе може да добие работа. Пристапот ќе функционира врз основа - кој прв ќе се пријави, прв ќе биде вработен.

- Нема да правиме проверка за вашето потекло. Нема да бараме да бидете тестирани за дрога. Постојат само три прашања што кандидатот треба да ги одговори за да добие работа: 1. Дали имате овластување да работите во САД? Дали можете да издржите осум часа? Дали можете да подигнете повеќе од 20 килограми? - вели Андреа Блиден, генерален менаџер на „Боди шоп“ за САД.

Идејата за ваков вид вработување потекнува од една њујоршко претпријатие, пекарницата „Грејстон“, чија цел била да им помогне на луѓето што потешко се вработуваат. Слоганот на ова претпријатие гласи:

- Не вработуваме луѓе да печат колачиња, печеме колачиња за да вработиме луѓе.

vrabotuvanje
Фото: Pixabay

Кога ќе се отвори работно место, тоа се пополнува од листа со луѓе што бараат работа. Новите вработени почнуваат како чираци и се обучуваат за тоа како да ја завршат работат, како и за основните животни вештини; оние што ќе одлучат да останат по обуката, добиваат работа на основно ниво и можност да напредуваат. Системот функционира доволно добро, така што компанијата успеала да продаде над 3 милиони килограми колачиња во 2019 година, заработувајќи 22 милиони долари. „Грејстон“ оваа година основал непрофитна организација, Центар за отворено вработување, за да им помогне на другите претпријатија да го спроведат истиот процес.

Пред приближно една година компанијата „Боди шоп“ дознала за овој пристап на вработување, ја слушнала презентацијата и сфатила дека може да стане поинклузивен работодавец и да примени отворена пракса за вработување во својот бизнис. „Боди шоп“ ја претставил и новата намена на брендот: „Постоиме за да се бориме за поправеден, попрекрасен свет“.

Резултатите биле неверојатни: месечниот промет во дистрибутивниот центар опаднал за 60 отсто. Во 2018 година дистрибутивниот центар на „Боди шоп“ забележал стапка на обрт од 38 отсто во ноември и 43 отсто во декември. Во 2019 година, откако почнале со ваквиот вид отворено вработување, тоа се намалило на 14 отсто во ноември и 16 отсто во декември.

- Вработените постојано велеа: „Се мачев да најдам работа. Ова е единственото место што ме вработи и јас нема да ве разочарам“. Кога ќе им дадете пристап на луѓето до она што очајно се обидуваат да го најдат, тие ќе се посветат и ќе работат напорно - велат од „Боди шоп“.

„Боди шоп“ планира новата практика на вработување да ја прошири на сите свои малопродажни објекти ова лето, во кои се вработени околу 800 луѓе и дури 1.000 во текот на празниците. Тоа не е пилот-проект, туку постојана промена на начинот на кој ќе се извршува вработувањето.

Извор: Fast Company
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот