Интервјуата за работа често предизвикуваат вознемиреност и анксиозност кај повеќето кандидати, особено затоа што никогаш не знаете какви трик-прашања можат да ви постават менаџерите или директорите што ве интервјуираат.
Но, замислете да бидете интервјуирани од извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс екс“, Илон Маск, кој важи за доста незгоден во вакви ситуации. Имено, милијардерот на кандидатите за работа им поставува едно главно прашање што го дизајнирал за да го дознае целосниот потенцијал на кандидатот, додека е под притисок.
Механичкиот инженер, Тања Закович, на нејзиниот тик-ток-профил неодамна ја сподели загатката на Маск.
- На интервјуата за работа, Илон Маск на секој кандидат му го поставува ова прашање. Дали мислите дека можете да го одговорите? Обидете се! - почнува таа.
- Стоите на површината на Земјата. Шетате милја јужно, милја западно и милја северно. Завршувате онаму каде што сте почнале. Каде сте?
Меѓу коментарите имаше и такви што се шегуваа, но и луѓе кои сериозно се обидуваа да одговорат, па одговорите беа Кина, Индија или Тексас.
Но, одговорот на прашањето е: Северниот пол. Второт прашање што
Маск го поставува е: - Каде би можеле да бидете на друго место?. Одговорот на ова е: Јужниот пол.
За среќа, во некои случаи не е важно ако не сте го дале точниот одговор, бидејќи некои кандидати за работа ја добиле работата и покрај тоа што се збуниле со прашањата. Маск всушност ја користи оваа вежба за да види како луѓето пристапуваат на решавање на проблемите и ги обработуваат информациите.