Ново истражување од универзитетот „DeVry“ од Илионис во САД покажува дека 65% од луѓето кои успешно ја завршиле потрагата по работа и брзо се вработиле, по завршеното интервју прават една заедничка работа - на работодавците им испраќаат и-мејл за благодарност.
Истражувањето било спроведено на 589 лица кои се вработиле во рок од шест месеци од почетокот на барање работа.
Речиси 98% од луѓето кои учествувале во ова истражување испратиле порака за благодарност по направеното интервју со работодавачот. 65% испратиле и-мејл за благодарност, 17% испратиле писмо за благодарност, типкано или рачно напишано и 16% му се заблагодариле на потенцијалниот работодавач телефонски.
Но, конечно било заклучено дека начинот на кој била изразена благодарноста не е толку важен. Важна е изразената благодарност. „
Woman in Adria“ пишува дека испраќањето и-мејл за благодарност се смета за учтиво однесување.
По следното интервју за работа, не заборавајте да испратите и-мејл за можноста која сте ја добиле за да му се претставите на работодавачот. Пожелно е тоа да се направи истиот ден кога сте го имале интервјуто за да го потсетите работодавачот на вашиот разговор откако ќе заврши со останатите кандидати.