X
 10.09.2020 Здравје

Хронично болните се враќаат на работа. Оние што не можат ќе одат на боледување

Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести вработените лица што се ослободени од работа врз основа на утврдената листа со хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно да ги извршуваат работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.

Хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа. Ова е заклучокот од утринската средба на министерот за здравство Венко Филипче и здруженија на пациенти.

Министерот Филипче не се плаши дека деновиве може да се создаде хаос во здравствениот систем поради закажувањето на термини за преглед кај специјалист, за хронично болните пациенти да добијат потврда со која ќе докажат дека навистина не треба да одат на работа.

Филипче смета дека значително ќе се скрати бројот на луѓе што седеле дома.

Досега сите што ја користеа мерката земаа цела плата, а ќе се водат на боледување и ќе добиваат помалку пари.

- Пациентите што имаа важечки боледувања по сегашниот систем можат да ги продолжат боледувањата без да доаѓаат на преглед. А за новиот систем, за да се добие боледување кое важи подолго време, треба да закажат специјалистички термин, па ќе пуштиме повеќе термини и Е-амбуланта. Специјалистот ќе процени дали физички да дојде пациентот или може да се процени по документација и да се даде подолго боледување - вели Филипче.

Исто така, Владата одлучи бремените жени да продолжат да ги користат мерките, да не мора да одат на работа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје