Се приближува крајот на годината, а тоа значи дека доаѓаат божиќните празници. Многумина ќе добијат празничен бонус, кој во Германија може да изнесува илјадници евра.
Во категоријата со највисоки бонуси во Германија се вработените во секторот на производство на нафта и гас, каде што просечниот износ на божиќен бонус изнесува 5.733 евра. Вработените во преработката на минерални масла имаат просечен божиќен бонус од 5.586 евра.
Во познатите германски компании како „Бош“ и „Порше“ вработените имаат право на божиќен бонус. Во „Бош“ стандардниот божиќен бонус изнесува околу 3.300 евра. „Порше“ повеќе години додава 55 отсто на полна 13. плата за божиќните празници.
Најмал божиќен бонус им се исплаќа на работниците што работат преку агенции и тој изнесува во просек 380 евра.
Извор:
Capital
Насловна фотографија: Pixabay