Доколку сакате да работите во новата фабрика на „Тесла“ во Берлин, ова е вашата шанса.
Илон Маск објави на „Твитер“ дека во тек е регрутирањето на работници за новата фабрика. Одбраните кандидати ќе имаат интервју лично со Маск, кој е основач на „Тесла“.
Фабриката на „Тесла“ во Берлин се опишува како најнапредна гигафабрика на компанијата досега. Гигафабриките на „Тесла“ произведуваат електрични мотори и батерии за возила, како и други производи за складирање енергија.
Автор: Донован Александар
Извор:
interestingengineering.com
Насловна фотографија:
Tesla