Истражувачи од Лондон откриле дека честите посети на музеите, уметничките галерии и на театрите можат да ви го продолжат животот. Ако никогаш не сте слушнале за музеотерапија, веројатно е време да научите нешто повеќе за тоа.
Истражувањето е правено на Универзитетскиот колеџ во Лондон, а научниците анализирале податоци добиени од 6.710 возрасни Британци постари од 50 години, кои претходно веќе учествувале во една програма за староста под име ЕЛСА.
Испитаниците тогаш одговарале на прашањето колку често посетуваат уметнички изложби, музеи, опера, театар или концерти. Можеле да одбираат меѓу три одговори: никогаш, ретко (помалку од еднаш или двапати годишно) и често (на секои неколку месеци или повеќе).
Целта на ЕЛСА-студијата била да се утврди врската меѓу неактивниот уметнички ангажман и стапката на смртност. Во текот на следните 14 години починале околу 2.000 учесници во ЕЛСА-студијата. Најчестите причини за смртта меѓу нив се рак, срцеви болести, проблеми со белите дробови и други природни причини.
Ризикот намален за третина
Истражувачите во декември ги анализирале сите собрани податоци и дошле до следниот заклучок - ако луѓето почесто се изложуваат на разни видови уметност, имаат понизок ризик од прерана смрт.
Конкретно, луѓето што почесто се занимаваат со уметнички активности имаат 31 отсто помал ризик од смрт, додека 14 отсто од ризикот е за оние што одат во музеј или на концерт само еднаш или двапати
годишно.
Земени се предвид и некои други фактори, како демографијата, социјалниот и економскиот статус, здравјето и брачниот статус, но научниците не пронашле никаква врска меѓу нив и резултатите.
Уметноста го намалува стресот
Иако ова е само опсервациона студија и не може да ни покаже зошто токму богатиот културен живот може да им помогне на луѓето да живеат подолго, многу научници веруваат дека уметноста може да го намали стресот, поттикнувајќи креативност и чувство на мир, и може да помогне да имате цел во животот.
Претходни студии исто така открија позитивни ефекти на уметноста врз физичката благосостојба на лицето, вклучително и хронична болка, висок крвен притисок, висок холестерол, диспнеа и некои други симптоми.