X
 08.04.2016 Економија

Поради големата криза - петок слободен ден за работниците

Венецуела се соочува со големи економски проблеми во последниот период. Длабоката економска криза го навела претседателот на Венецуела да го прогласи петокот за неработен ден во следните два месеци.


Имено, работниците во Венецуела во текот на април и мај ќе бидат слободни од работа секој петок. На тој начин треба да се заштеди на трошоците за електрична енергија, се наведува во објаснувањето.

Социјалистичкиот претседател Николас Мадуро во средата навечер на државната телевизија најави дека жителите на Венецуела ќе имаат „продолжен викенд“, а оваа мерка ќе трае 60 дена.

Големите суши, недостатокот на инвестиции и слабото одржување на инфраструктурата ја погоди периодот оваа јужноамериканска нација која зависи од хидропотенцијалот.

Опозицијата упатила критики на четиридневнните работни седмици воведени поради рецесијата, недостатокот на храна и лекови и инфлацијата. Свое чудење изразиле и многу граѓани на социјалните мрежи прашувајќи се како овие мерки ќе влијаат на училиштата, администрацијата и супермаркетите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија