X
 08.04.2016 Технологија

Виртуелната реалност пристигна и во ИКЕА

Одењето во најблиската продавница на „Икеа“ е искуство за некои, но за некои, движењето меѓу лавиринтот полици со производи и мебел може да биде напорно. За среќа, изминатите две години, „Икеа“ работела на нова технологија за да го подобри искуството за корисниците.


Со оваа цел на ум, шведската продавница за мебел влегува во светот на виртуелната реалност. Имено, француската компанија „Алегоритмик“ создала апликација која нуди искуство со виртуелна реалност.

Џеспер Бродин од „Икеа“ вели дека апликацијата моментално нуди виртуелно искуство само за кујнски мебел.

- Виртуелната реалноста се развива брзо и за пет до 10 години ќе биде интегриран дел од животите на луѓето. Гледаме дека виртуелната реалност ќе игра голема улога во иднината на нашите корисници, на пример би можела да им овозможи на корисниците да пробаат повеќе решенија за уредување на домот пред да ги купат - изјавува Бродин.


Апликацијата ќе им овозможи на корисниците да менуваат и пробуваат полици и маси со само еден клик. Моментално, апликацијата работи само на HTC Vive и платформата за игри Steam, но повеќе уреди ќе бидат вклучени подоцна.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија