X
 27.07.2017 Технологија

Нова измама за корисниците на апликацијата „WhatsApp“

Корисниците на апликацијата „WhatsApp“ повторно се мета на измамниците. На популарната апликација пристигаат пораки чија намера да ги наведе корисниците да ги подели своите банкарски податоци. Иако ваквиот тип на измама не е ништо ново, аналитичарите ја нарекуваат паметна и проценуваат дека штетата би можела да биде голема.


Во пораката стои дека апликацијата за една година нема да биде веќе достапна, па за да продолжат со користење, корисниците се наведуваат да се претплатат на одредена веб страница, која се предложува како линк и таму ги оставаат своите банкарски податоци и телефонски број.

Претплатата на апликацијата е укината, откако во 2014 година беше преземена од „Фејсбук“. Имено, оние кои почнале да ја користат додека се наплаќала, би можеле да бидат првите кои ќе наседнат на овој трик.

Ако добиете ваква порака, блокирајте го оној кој ви ја испратил и не ги отворајте наведените линкови.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија