Иако властите имале замисла да изградат утописки град со интересни згради пред повеќе од една деценија, сепак градот Кангбаши и понатаму останува празен. Градот требало да биде живеалиште за повеќе од милион луѓе.
Сепак, се преселиле само 100.000 луѓе, што денес резултира во урбан град на духови, „урбан неуспех“ со оглед на тоа што изградбата чинела милијарда долари.
Фотографот од Шангај Рафаел Оливие сакал да го посети градот откако тој со децении слушал за празниот град на духови. За фотографиите кои ги направил вели дека се фокусираат на самиот развој на градот, отколку на „празните улици“. За него цел град бил доста интригантен, малку морничав но сепак прекрасен во одредени делови.
„Спектакуларноста на Ордос е тоа што има огромни широки улици кои се сосема празни. Градот има „пост-апокалиптична“ атмосфера“, вели Рафаел Оливиер.
„Зградите започнуваат да се распаѓаат бидејќи биле изградени за толку брзо време и со евтин материјал“, додава тој.
Познат како „
најголемиот град на духови“ во светот, архитектите започнале да работат на новиот урбанистички центар на Кангбаши надвор од градот Ордос во 2003 година.
Монголскиот град требало да фрли блескава светлина врз Кина и да стане голем симбол на богатство и напредок. Меѓутоа, работите не оделе според планираното. Градските власти биле погодени од голем број на проблеми, како на пример тоа што инвститорите повлекле серија на неплатени заеми. Исто така, трошоците за живот биле толку високи што владата започнала да нуди поттик за луѓето да започнат да се преселуваат таму.
Иако некои показатели велат дека населението се зголемува, сепак, тоа останува далеку од првичната цел на владата.
Линк до галеријата.