X
 09.04.2016 Живот

"Проектот Панама" расветли случај од 1997-ма година

Пазарот на светската уметност се промени во 1997 година, кога аукциската куќа „Christie's“ ја продаде колекцијата на Виктор и Сали Ганц, една од најзначајните на современата уметност која постоела во тоа време.

 

панама


Благодарение на рекордната заработка, колекцијата го означила почетокот на новото време во кое уметноста стана глобална стока, односно инвестициска алтернатива на недвижнини и акции.

Она што тогаш не се знаело бил фактот што оваа колекција била продадена уште претходно. Половина година пред аукцијата на која делата од колекцијата официјално биле понудени на аукција на оф-шор компанијата на милијардерот Џо Луис, биле откупени во тајност највредните дела од споменатата колекција. Истиот ден било договорено делата да се продадат во аукциската куќа „Christie's“ како колекција на Ганц.

Но, благодарение на скандалот познат како „Проект Панама“ деталите за оваа приказна конечно се решија. Споменатиот скандал доби и свое име поради тоа што станува збор за повеќе од 11 милиони документи до кои стигна германскиот весник „Süddeutsche Zeitung“, кои покажуваат дека светските сили со години перат пари со помош на панамската адвокатска компанија „Mossack Fonseca“. Еден од нив бил и Џо Луис.

Луис своите први милиони ги заработи во угостителството. Училиштето го напуштил кога имал 15 години за да му помогне на неговиот татко да го води семејниот бизнис. Откако ја продал својата компанија, во 1979 година се преселил на Бахамите. Таму своите милиони ги претворил во милијарди долари со софистицирани манипулации на пазарот на валути.

Поради една од тие манипулации, во која му се приклучил Џорџ Сорос, Велика Британија во 1992 година излегла од Механизмот на девизниот курс. Овој случај во историјата останал запомнет како Црна среда. Но, благодарение на ова случување, Сорос и Луис станале неверојатно богати.

 

1


И додека Сорос после тоа јавно се експонирал, Луис одлучил да се држи настрана. „Мислам дека придобивките на успехот е тоа што успехот се ужива во тишина“, изјавил Луис.

Легендарната аукција на колекцијата

Семејството Ганц започнало да ја собира својата колекција после завршувањето на Втората светска војна. Тие се фокусирале на делата на Пикасо, Френк Стела, Џаспер Џонс, Роберт Раушенберг и Ева Хесе. Својата колекција ја проширувале во период од 50 години, а на неа потрошиле 2 милиони долари. Децата на Ганц одлучиле колекцијата, после смртта на нивните родители, да ја продадат за да избегнат плаќање на даноци.

Делата од колекцијата биле понудени на аукција во аукциската куќа „Christie's“. Самата аукција бил главен социјален настан на кој присуствувале повеќе од 25.000 луѓе. Леонард Лодер и Вилијам Н.Гејтс биле само некои од луѓето кои биле дел од аукцијата.

Аукциската куќа уште пред аукцијата знаела дека таа ќе биде успешна, бидејќи поголемиот дел од сликите биле купени претходно. Ги купила компанијата „Simsbury Internationa Corporation“ чие седиште се наоѓа на островот Ниуе. Излегло дека оваа оф-шор компанија била основана само со една цел - за колекцијата. А ја воделе адвокатите од адвокатската фирма „Mossack Fonseca“.

После неодамна објавените документи од оваа компанија се дознало и имате на вистинскиот сопственик Симсбури. Благодарение на договорот кој бил потпишан во 1997 година, испливало името на господинот Луис.

Интересно е тоа што компанијата на Луис веднаш потпишала договор со малата аукциска куќа „Spink & Son“, која тогаш била во сопственост на „Christie's“. Со тој договор, утврдено е дека Симсбири од „Spink & Son“ откупил повеќе од 100 дела од колекцијата, вклучувајќи и три највредни на Пикасо.

Во друг договор, кој бил потпишан неколку дена подоцна, Семсбури се обврзал нетото од купените дела да ги подели со аукциската куќа „Christie's“. Дополнителната клаузула во договорот вели дека сопственикот Самсбури нема да учествува во наддавањето. Во тој договор пишувало и дека аукциската куќа и Самсбури ќе го поделат профитот или вкупната вредност. Колекцијата на крајот била продадена за 206 милиони долари.

Експертите кои ги виделе овие договори сметаат дека „Spink“ одиграл улога на брокер откупувајќи ја колекцијата и продавајќи му ја на Самсбури. Членовите на семејството Ганц засега по ова прашање немаат коментирано, но се чини дека овој бизнис бил полн со нерегуларности. Но, јасно е дека „Christie's“, без таа зделка би морал да се натпреварува со останатите конкурентни куќи, вклучувајќи ја и „Sotheby's“.

Од коментар се воздржаа и од „Christie's“. Имено, аукциската куќа смета дека целата приказна воопшто не ги засега бидејќи договорот бил направен пред 20 години кога куќата била под друга управа и друг сопственик. Но, приказната тука не завршува. Бидејќи, иако оваа аукциска куќа денес е во приватна сопственост, таа во времето на аукцијата на колекцијата се`уште била акционерско друштво, а најголем акционер бил Џо Луис.

Луис својот удел во „Christie's“ го продал во 1998 година на францускиот бизнисмен Франсоа Пино за 200 милиони фунти. Тоа била двојно поголема цена од таа која била кога ги купил акциите. Но, неговата работа и понатаму останува вешто изведената операција за колекцијата Ганц после што светскиот пазар на уметноста стана онаков каков што го знаеме денес.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот