X
 11.04.2016 Култура

"Сестрите од долината" - Калуѓерки кои одгледуваат марихуана

Кога фотографите Шаугн Крафорд и Џон ДуБиос дознале за две калуѓерки феминистки кои одгледувале марихуана, веднаш сакале да го овековечат моментот. Тие ги контактирале Сестра Кејт и Сестра Дарси кои ги поканиле во нивната Опатија во Калифорнија за да бидат сведоци на магијата.

 

калуѓерка


Кејт и Дарси се самопрогласени калуѓерки кои создаваат свој ред. Иако тие носат бели мантии и се сметаат себеси за високо духовни, тие не се католици, ниту пак им се подредени на некој свештеник. Тие се вегетаријанки, феминистки, поддржувачи на Берни Сандерс кои веруваат во даденото право од Бог за користење на марихуана.

„Сестрите од долината“, како што се нарекуваат себеси, марихуаната ја користат за медицински цели - тие им го олеснуваат страдањето и болката на луѓето кои се борат со рак, артритис и други болести.

Нивните тоници и тинктури содржат високи количини на CBD, лековита состојка во марихуаната. Сите производи се органски, лабораториски тестирани и без пестициди.

Сестрите се водени од желбата да ослободуваат од болка и страдање. „Ние не се согласуваме со концептот дека страдањето е нормално и е дел од животот. Сметаме дека е срање. Страдањето не е дел од животот; го прават дел од животот со криминализирањето на растителни лекови“, вели Сестра Кејт.

Во нивната потрага по природно исцелување, сестрите наидоа на огромна поддршка и секако, тежок отпор. Нивната сметка е затворена во јануари и општинската власт на Мерцед стави привремена забрана на одгледувањето на трева. „Ова е доста фрустрирачки бидејќи постојат луѓе со негативни ставови кон нешто што е вистински божји дар“, вели Сестра Дарси.

Во нивната фото серија, Крафорд и ДуБои прикажуваат еден ден во животот на овие калуѓерки, документирајќи го целиот процес на одгледување на марихуана. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура