X
 23.08.2015 Здравје

Службено потврдено - канабисот го спречува ширењето на ракот

Многумина досега тврделе дека марихуаната може да помогне во борбата против ракот, а сега тоа е и потврдено. Американскиот национален институт за рак, односно главната агенција за истражувања поврзани со ракот во САД на својата интернет-страница напишала дека марихуаната ги убива клетките заразени со рак.


Информацијата била објавена во рамките на рубриката на прашања и одговори за канабисот. Имено, од институтот пишуваат дека истражувања спроведени на глувци покажале дека марихуаната навистина ги убива заразените клетки.

- Истражувањата на глувците покажаа дека канабисот може да го запре ширењето на ракот предизвикувајќи смрт на заразените клетки, блокирајќи го нивниот раст и блокирајќи го развојот на крвните клетки со кои ракот расте додека ги заштитува нормалните клетки. - се наведува во објавата.

На истата интернет-страница може да се дознае и за истражување во кое се покажува дека канабисот може да го намали ризикот од ракот на дебело црево, а може да се користи и во третманот на овие болести. Истото се однесува и на ракот на дојката.

Потоа, се покажало и дека канабисот може да ги подобри ефектите на хемотерапијата и го стимулираат апетитот, олеснувајќи ги болките кај многу пациенти.

34 медицински истражувања кои докажуваат дека марихуаната е лек против ракот

Марихуаната е најдобриот убиец на ракот досега




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје