X
 11.04.2016 Технологија

Средношколец создал евтин уред за помош при слухот

Понекогаш, едно лето со дедото е сѐ што треба за да се инспирирате. Таков е случајот со Мукунд Венкатакришнан. Кога Мукунд имал 14 години, тој ја посетил Индија и добил задача да му помага на својот дедо во тестирањето на уред за помош при слухот. Тој видел колку скап и тежок процес е тоа и се решил да пронајде алтернатива.


Мукунд, кој сега има 16 години, сфатил дека ушното помагало е луксуз за многумина во неразвиените земји. Затоа, тој создал нов уред кој е поевтин. Неговиот уред го тестира слухот на личноста за неколку секунди, но и самиот се програмира за да стане тоа. Изработката на уредот чини само 50 долари и може да се користи и со поевтини слушалки.

Во моменталната форма, уредот изгледа како компјутерски процесор, но е мал. Мукунд планира да го намали дополнително и да му даде подобар изглед. Според неговата визија, уредот ќе биде нешто што го собира во сечиј џеб. Мукунд поминал две години учејќи програмирање за да ја изгради аудио програмата и да го создаде уредот.


Тој го направил уредот сам, иако слушал совети од други инженери, како татко му. Работел со лекари за да создаде тестови за слух за пациентите. Софтверот за уредот ќе остане отворен за секого за останатите да може да го менуваат и поправаат.

Мукунд се надева дека организација која има врски во неразвиените земји ќе прифати масовно да го произведува уредот. Тој започнал преговори со фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Неговиот уред може да влијае на целиот свет. Низ светот има околу 360 милиони луѓе кои имаат проблеми со слухот, известува Си-Ен-Ен.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија