X
 08.12.2015 Наука

Помалку познати храбри иноватори кои го промениле светот

Развивањето изум бара многу идеи, интелигенција и, во некои случаи, малку лудост. Или многу лудост. Секогаш нема да има некој кој би ризикувал за вас. Овие храбри момци морале да ги тестираат своите луди идеи самите, но доколку не биле тие, светот не би бил ваков каков што го познаваме.


Лоренс Патрик

Автомобилите понекогаш се опасни, но Лоренс помогнал во измислувањето на многу изуми за безбедност при возењето. Кога започнувал, не постоеле кукли за тестирање на несреќи и тој морал да ги измисли. Немало информации за она на што може да се изложи човековото тело, па самиот се тестирал за да ја направи куклата.


Торалд Солман

Војните од минатото биле страшни кога хемиското оружје било дозволено. На пример, армиите користеле гасови кои биле фатални, но и болни. Солман сакал да пронајде антигас за војната. За да го тестира човековото тело за силината на штетниот гас, тој се искористил себеси. Тој ја покрил кожата со пробни наслаги изложувајќи делови на гасот, а потоа измерил колку е повреден. По многу обиди, тој открил дека васелинот ја штити кожата од најстрашните ефекти на гасот. Неговите експерименти му ги покажале на светот страшните ефекти на гасот, по што следувала забрана на хемиското оружје.


Гордон Гисбрехт

Имало малку научни истражувања за последиците на замрзнувањето врз телото. Д-р Гисбрехт нашол замрзнато езеро и скокнал во него бидејќи сакал да знае колку му е потребно на телото за да добие хипотермија. Тој го повторил ова уште 32 пати за да открие начини на кои телото реагира на ниски температури.


Елиша Грејвс Отис

Отис бил инженер кој сакал да измисли систем за автоматско кочење. Тоа и го направил, прв во светот. Кога го демонстрирал изумот, тој бил дел од експериментот во кој се качил на платформа која била пуштена, но неговата кочница го задржала.


Луис-Себастијан Ленорманд

Пред постоењето на авионите постоеле карпи и кули. Падобранот бил привлечна идеја за време на Ренесансата, а Ленорманд бил првиот кој споил два чадори и скокнал со нив од дрво. Задоволен од резултатот, го повторил, но од кула. Од овој изум следувал падобранот.


Џонас Салк

Салк се сетил на техника за детска парализа која вклучувала вбризгување со изумрени верзии од вирусот. Но, јавноста не сакала да го проба ова без доказ, секако. Салк верувал во својот изум, па се вбризгал самиот со изумот, а по него следувало и неговото семејство. Ова била првата вакцина за детска парализа во светот која функционирала.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука