X
 12.04.2016 Технологија

Најдобрите програмери по десетти пат ќе се натпреваруваат на CodeFu

Натпреварот во решавање алгоритамски проблеми CodeFu, што веќе десетта година по ред го организира софтверската компанија Netcetera, ќе почне да се одржува деновиве. На 10. јубилејно издание на CodeFu силите ќе можат да си ги одмерат додипломци и последипломци од земјава, при што особено голем интерес за овој натпревар има кај кај студентите од ФИНКИ и сродните факултети на останатите државни и приватните универзитети.

 

 

Овој натпревар првпат почна да се организира во 2007 година, а правилата се речиси исти до денес. Од вкупно пријавените, со принцип на елиминација во две рунди, остануваат само 32 натпреварувачи кои си ги одмеруваат силите во финалето. Покрај ранци, маички и сличните подароци за сите учесници, победниците на натпреварот добиваат атрактивни награди како што е целосно платено патување во Цирих со цел посета на конференцијата Jazoon. Бројот на пријавени, од почетокот досега постојано расте, при што бројката достигнува и по повеќе од 120 пријавени секоја година за учество на CodeFu.

 

 

Големиот натпревар не е единствениот CodeFu настан во текот на годината. Тој со себе носи и четири сезонски натпревари, каде наградите за победниците се андроид таблети, како и повеќе Community натпревари каде што натпреварувачите самите ги поставуваат задачите кои треба да се решат.

 

За повеќе информации, правила на учество и сѐ друго во врска со натпреварот посетете ја страницата на CodeFu

 

 

 

 

 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија