X
 01.06.2022 Образование

Студентски проект од ФИНКИ: Сајбер-безбедност и нејзиниот импакт врз општеството

Факултети.мк ги поддржува студентите и секогаш одвојува простор за нивните приказни, потреби и успеси во земјава и во странство. Во таа насока ја започнуваме и новата рубрика Студентски проекти, во која ќе ги објавуваме трудовите на студентите кои сакаат нивното дело да допре до пошироката јавност.
Ги покануваме сите заинтересирани студенти да нѐ контактираат на redakcija@fakulteti.mk.

Димитар Јовановски, Ана Марија Крстеска, Ѓорѓи Костадинов и Анастасија Крстаноска, студенти на ФИНКИ, го реализираа проектот Сајбер-безбедност и нејзиниот импакт врз општеството, по предметот Медиуми и комуникации.

Целта на проектот е да се крене свеста за влијанието на сајбер-криминалот врз индустриите, државите и нашите животи и како тој станува главна закана за светот и модерен начин на војување.

Резултатите покажуваат дека голем дел од интернет-корисниците не се баш доволно информирани за видовите сајбер-напади.

Во продолжение може да го видите целото истражување:
Сајбер-безбедност и нејзиниот импакт врз општеството

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование