X
 05.05.2018 Образование

Професор: Ќе ви ја откријам тајната на успехот во три збора

На сите мои сегашни и поранешни ученици сакам да им соопштам дека за сè што сум ве учел и што ве учам сум бил во право, за сè што сум ви кажувал на часовите стојам зад тоа, со мојата професија, совест и постоење. Мојата работа некогаш ја работев за 50 евра, некогаш за нешто повеќе од 500, сега ја работам за околу 400 евра, а ќе ја работам и за 1.000 и бесплатно со иста посветеност.

Ако имам можност повторно да изберам професија би ја избрал истата - можеби не во истата земја или на истата возраст, но секако би се одлучил повторно да станам наставник. Не се каам за ништо и не се чувствувам виновен, сè работам според план и преземам одговорност за своите постапки.

Се разбира, постои простор за извинување. Ако некогаш во момент на слабост сум тврдел дека знаењето не се исплаќа, ако сум дал оценка повисока од онаа што сте ја заслужиле, ако на некој од моите часови ви било досадно (знам дека имало многу такви часови), ако на некој од вас не сум му посветил доволно внимание поради незнаењето или недостигот на искуство, ако не сум успеал да ве мотивирам или да ви го објаснам материјалот - тогаш се извинувам.

Знам дека многу наставници им остануваат верни на своите верувања и идеи и можам да го разберам тоа.

Денес, децата ретко одат на училиште заради знаењето. Грешите! На училиште се одело заради знаењето до крајот на првата половина од 20 век. Денес училиштата кај учениците развиваат вештини, креативност, дружељубивост, слобода на мислата, емпатија меѓу учениците. Училиштата денес мора да дејствуваат со цела своја сила како здрава заедница во соработка со државата, локалната власт, учениците и родителите.

Не дека нездравиот однос кон образованието настанал пред 10 или 20 години. Култот на неписменост се развива со векови. Образованието не е лесно, ни едноставно, а најмалку е вредна дипломата. Замислете да ви дале диплома за завршен курс за алпинистичко искачување што не сте го посетувале. Дали би сте осмелиле да се искачувате? Сега слушнете ме: некои алпинисти со лажни уверенија се искачуваат, па затоа не губете време чекајќи, учете алпинизам, макар и да не добиете никаков сертификат. Со тоа, не плашете се од образованието. Едуцирајте се, тогаш не мора да се снаоѓате во животот. Образованието е сила, снаодливоста е илузија. Илузијата е ефективна, но не трае и е лажна. Ќе ви ја откријам тајната на успехот во три збора: работа, упорност и верба. Што очекувавте? Тарот-карти? Кристални топки? Летечки килими? Партиски книшки? Магични ламби?

Автор: Одделенски старешина
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование