X
 26.03.2020 Живот

Најмладите Европејци што се најдоа на листата „30 под 30“ на „Форбс“

Додека повеќето 11-годишници се надеваат на награди од училишни натпревари, Британката Скај Браун очекуваше да добие златен медал на Олимписките игри во Токио. Не само што е девојче кое се натпреварува во спорт каде што мажите доминираат туку Браун сака да биде и најмладиот спортист што се натпреварувал на Олимписките игри во последните 80 години. Таа почнала да се занимава со скејтбординг и сурфање на тригодишна возраст.

Најпознатата тинејџерка на европското издание на листата „30 под 30“ на „Форбс“ е Грета Тунберг, која двапати беше номинирана за Нобелова награда за мир. Поради климатските промени, наместо да лета со авион, таа пловеше од Шведска до Њујорк. Седумнаесетгодишната девојка држеше говор на Самитот за климатски акции организиран од Обединетите нации, беше прогласена за личност на годината од „Тајм“ и се најде на листата со 100 најмоќни жени во светот.


Фото: Facebook

Во листата се наоѓа и пејачот и композитор Луис Капалди. Тој почнал да пее по пабовите во неговиот роден град Глазгов уште кога имал 9 години. Сега има 23 години и е добитник на повеќе награди и една номинација за „Греми“.

Но тој не е единствениот музичар што се наоѓа на годинашната листа. Тука се и 21-годишниот пејач и композитор Нааз Мохамед и 21-годишниот Дејв Оробоса Омореџи, британски рапер. На овој тим му се придружува и Доминик Харисон, кој настапува под псевдонимот Јангблад.


Фото: Facebook

На врвот на листата е Кристоф Милак, кој е роден во Будимпешта и го држи рекордот за најбрзо пливање во стил пеперутка на 200 метри. Тој има освоено злато и сребро на светски шампионати и злато на Европското првенство.

Други спортски ѕвезди што се дел од листата се Норвежанецот Јакоб Ингебригтсен, Словенецот Лука Дончиќ и холандската фудбалска ѕвезда Вивиен Мијадема. 

Автор: Александра Стернлихт
Извор: Forbes
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот