Студиите покажуваат дека критичкото мислење води кон зголемена креативност, подобро извршување на работата и пониско ниво на негативни животни искуства. Ова се само неколкуте придобивки од критичкото мислење.
Аристотел рекол: „Карактеристика на едуцираниот ум е да има способност да разгледува мисла, без да ја прифати“.
Што е всушност критичкото мислење:
- Анализирање
- Евалуирање
- Интерпретирање
- Решавање на проблеми
- Прашување
Како да се препознаат оние кои критички размислуваат? Тие имаат тенденција да бидат многу успешни луѓе. Успехот може да биде академски, приватен или професионален. Но, може да бидете сигурни дека кога ќе видите одредени индивидуи како постигнуваат големи резултати, тогаш тие се дефинитивно критички мислители.
Ова се неколку знаци на критички мислители:
- Креативни и иновативни индивидуи
- Фасцинирани од тоа како функционираат некои работи
- Дознаваат информации и формираат ставови од повеќе различни извори
- Секогаш поставуваат прашања
- Имаат разговори на ниво со луѓе со кои не се согласуваат, дискутираат
Критичкте мислители се успешни во животот бидејќи се способни да ги анализираат проблемите од различни перспективи. Тоа им дозволува да дојдат до најдобрите решенија и да ги донесат најдобрите одлуки.
Но, како да ја совладате оваа способност, односно да започнете критички да размислувате?
Прво, научете да да поставувате прашања, секогаш барајте потврда, дури и за она во што вие верувате. Потоа мислете со своја глава, не прифаќајте го сето она што ви се кажува. Евалуирајте докази, разгледувајте го она што е очигледно, а и она што не е. Преиспитувајте ја одредената ситуација. Важно е исто така, да бидете свесни за вашите предрасуди, бидете искрени со самите себе и обидувајте се предрасудите да ги оставите настрана кога донесувате одлуки. Секогаш размислувајте за мотивите – на она што ви е понудено и на она што вие го нудите. Ако се соочувате со голем проблем, обидете се да го поделите проблемот на неколку дела и решавајте еден по еден дел, одете чекот по чекор. На крајот, секогаш обидувајте се да ги поедноставите работите, а не да ги комплицирате.
Користете го
критичкото мислење секогаш кога треба да донесете важна одлука. Луѓето ќе ја зебележат разликата во вашите постапки, па постепено ќе постигнувате успеси, за кои и самите не сте верувале дека можете да ги постигнете.