X
 29.10.2015 Образование

Технолошката револуција која ја водат девојчињата во Кенија

„Nairobits“ е непрофитна организација која на кениските девојки на возраст од 15 до 24 години им нуди тренинг за информатички технологии, како и програми за претприемништво, животни вештини и здрав живот. Најдобриот дел во врска со ова е тоа што пријавувањето за учество е бесплатно.


Значаен дел од девојчињата кои започнуваат да тренираат во организацијата немаат никакво претходно знаење од областа на технологијата.

Организацијата отсекогаш не се фокусирала само на женското население. На почетокот, организацијата барала еднаков број ученици во однос на половите.

Според податоците на УНЕСКО, 49% од учениците во средното образование се девојчиња, а 51% се момчиња. Меѓутоа, само 41% од девојчињата продолжуваат со образованието. Основното образование е бесплатно во Кенија, но потребни се пари, а образованието на момчињата е приоритет за семејствата бидејќи тие се гледаат како идните домаќини во семејството.


Девојчињата не се охрабрени да продолжат со образованието по средното училиште. Поради ова, ученичките се послаби во споредба со учениците во училиштата, а истото се забележувало и во организацијата.



Девојките не биле толку активни бидејќи активноста се очекувала од момчињата. Откако организацијата започнала да се фокусира само на девојчињата, сè се променило.

Ученичките добиле самодоверба и започнале да зборуваат и да се изразуваат. Конечно, тие подобро се соочувале со секој предизвик и подобро учеле.

Девојките кои се дел од тренинзите на „Nairobits“ учат и животни вештини и стануваат успешни и вешти млади програмерки или претприемачки.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование