X
 12.03.2016 Образование

Градинките во шума - нетрадиционална форма на училница

Не постои ништо подобро од дишење на свеж воздух, исклучен од светот, доживување на тишината - сето ова е прилично фантастично.

 

деца


Кога децата одат надвор и играат во природа, постојат вистински придобивки и за нивното физичко здравје, и за нивната емоционална благосостојба. Единствениот проблем е тоа што децата се` помалку време поминуваат во природа, а се` повеќе се залепени за нивните таблети, паметни телефони и видео игри. Време е да ги остават уредите и да се прошетаат низ шума!

Затоа во Данска се создадени таканаречените „градинки во шума“ кои се откажаа од традиционалната предучилишна училница.

Овие училишта ги носат децата во природа и им овозможуваат да учат преку слободна игра и истражување. И се чини дека ова и тоа како функционира. Според неодамнешниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој, училиштата во Данска надминуваат многу други училишта од светот по математика и наука.

Но, Данците не се единствени кои се насочија на ваков вид образование во природата. Постојат и неколку градинки во шума во Америка.

1. Градинката Кедарсонг (Вашон, Вашингтон)

 

1


Во една типична градинка има светло обоени играчки, загатки, блокови и ако градинката има доволно среќа, отворено игралиште. Во суштина, децата секогаш имаат што да прават.

Но, во градинката Кедарсонг, работите се малку поразлични - таа верува во неструктурирано потопување во природата. Ова значи дека не постои план, проект или насока од наставникот. Кедарсонг гледа вредност во самото тоа што детето е во природа, и во тоа што не мора да прави нешто.

 

2


Во оваа градинката децата се охрабруваат да истражуваат, да поставуваат прашања, да соработуваат едни со други и да преземат умерени ризици со цел да изградат самодоверба. Наставниците ги водат учениците кон нивната љубопитност во врска со природата, но тие не го следат секој нивни чекор.

2. Деинсон Пекостепос центар за природа (Мистик, Конетикат)

 

4


Овој предучилишен центар се држи до своето мото: „природата е нашата активност“. Градинката се наоѓа на 160 хектари природен резерват, со ливади, езера, патеки, карпи и дрвја. од училиштето велат дека ова е „жива училница“, а самата градинка одбила понуди да создаде структурирано природно игралиште. Тие веруваат дека самата природа создава свое игралиште, каде децата можат да создадат креативна и неограничена забава.

3. Градинката „Little tree huggers“ (Лесбург, Вирџинија)

 

4


Во оваа градинка децата не само што учат за математика и јазични вештини, туку тие учат шпански, и се изложени на германски и италијански јазик. Сепак, она во кое се разликува оваа градинка од нормалните градинки е тоа што поголемиот дел од наставата се одвива на отворена природна средина со животни на фарма.

 

5


Децата можат самите да го изберат местото за активности, а тие може да вклучуваат интеракција со животни, цртање со природни материјали или слушање на звуците од природата. Градинката става акцент на одржливоста и ги учи децата како повторно да ги користат предметите и да ги рециклираат.

4. Градинката „Worldmind“ (Денвер, Колорадо)

 

6


Оваа градинка се наоѓа во Колорадо, а децата играат во екстремни временски услови. Без разлика какво е времето надвор, децата цел ден го поминуваат во природа - тие дури и немаат затворен објект.

 

7


Часовите се одржуваат надвор, и се истражува отворениот простор и градските паркови со цел децата да се поврзат со екологијата и со местото кадешто живеат. Ако временските услови се навистина неповолни тогаш тие посетуваат музеи.

5. Предучилишен центар во природа во Ирвин (Мериленд)

 

8


Во овој предучилишен природен центар, наставниците дејствуваат како водичи, овозможувајќи им на децата да ја откријат магијата на природата и неструктурираната природна игра. Децата развиваат одговорност и самостојност во сето она што го прават.

Центарот не го форсира процесот на учење туку им овозможува на децата да учат и да развиваат сопствено природно темпо.

6. Училиштето Мајка природа (Портланд, Орегон)

 

9


Во ова училиште, децата играат во шума со кедрови дрвја и ја користат сопствената имагинација за да ја оживеат шумата. Нив не им се потребни пластични играчки кога од гранките на дрвјата можат да направат јадица.

Кога доаѓа време за јадење, децата помагаат во палењето на огнот и потоа уживаат во органската храна.

7. Беркли училиштето во шума (Беркли, Калифорнија)

 

10


Додека постои дневна рутина во ова училиште, сепак сите денови се различни за децата. Откритијата кои децата ги прават во текот на нивните дневни авантури обезбедуваат инспирација за сетилно-базираните активности за учење. Еден типичен ден вклучува набљудување на дивиот свет и документирање на истражувањата, градење лулашки и засолништа во шумата, како и готвење на оган.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование