Земајте калкулатор во рака, бидејќи овој 5 годишен генијалец ќе ве остави и тоа како збунети.
Младиот Луис беше гостина во шоуто „Little big shots“, каде го воодушеви водителот Стив Харви со неговите неверојатни математички вештини поради што Стив морал да користи калкулатор за да ги провери сите одговори на младиот Луис.
Како што велат неговите родители, Луис нема талент само за математика. Од неговите
YouTube видеа можете да видите како тој има неверојатно знаење за хемиските елементи кои тој може да ги именува по азбучен ред. Луис доста знае и за планетите.
Неговата мајка Кејша Есквел вели дека сфатила колку е паметен кога на две годишна возраст покажал интерес за спелување. Но, неговиот интерес за математиката не се појавил се` до јуни.
„Тој запомни се` што му кажувавме и можеше да сфати и да научи“, вели Есквел.