X
 16.07.2016 Образование

Зошто учениците во Виетнам имаат толку добри резултати на тестовите?

Виетнам е единствена земја со ниски приходи која има исто ниво на образование како богатите земји, на меѓународните академски тестови.

 

виетнам


Постои јасна позитивна врска помеѓу економската сила на земјата и колку добри перформанси имаат учениците во одредени тестови. Но, Виетнам, всушност има значително подобри резултати од земјите кои имаат повисоко ниво на приходи, а никој не знае зошто.

Истражувачите проучувале два меѓународно споредливи тестови, во обид да го сфатат овој „виетнамски ефект“. Еден од нив е таканаречениот „TIMMS“ тест во кој виетнамските ученици ги надминуваат учениците од другите земји кои имаат сличен БДП по глава на жител.

 

1


Истражувањето од 2014 година направено од Абхијет Синг, ги анализирало резултатите од „TIMMS“ тестот и сфатил дека предноста на Виетнам започнува рано - виетнамските ученици ги надминуваат другите земји во развој дури и со пет годишна возраст, а јазот расте секоја година.

Истражувањето открива дека „една година во основно училиште во Виетнам е значително повеќе продуктивна во однос на стекнување на вештини отколку една година во основно училиште во Перу и Индија“. „Прашањето кое истражувањето го поставува е: „Зошто продуктивноста во учењето е толку поголема во некои земји од другите? Или поедноставно кажано, зошто училиштата се подобри во некои земји?“

Сега, ново истражување спроведено од истражувачите од Светската банка, Сугас Д.Парандекар и Елизабет К.Седмик се обидуваат да одговорат на ова прашање. Тие ја проучувале Програмата за интернационално оценување на учениците (PISA) користејќи ги поените од 2012 година.

Седум земји во развој, освен Виетнам, учествувале во PISA тестирањето - од сите нив, само Виетнам имал најнизок БДП по глава на жител (4.098 долари). Сепак, Виетнам имал повисоки оценки од другите земји во развој.

 

1


Резултатите на Виетнам бил далеку од она што би се очекувало - повеќе е на исто ниво со Финска и Швајцарија, отколку со Колумбија и Перу.

Кога станува збор за математиката, постои разлика од 128 поени помеѓу Виетнам и просечните оценки на други седум земји со ниски приходи. Тоа значи дека постои скоро тригодишна разлика во нивото на образование меѓу Виетнам и другите земји во развој кои учествувале во PISA тестирањето.

Што всушност се случува?


Што Виетнам прави за да го подобри образованието на своите ученици? Истражувачите од Светската банка откриле дека инвестициите во образованието и „културните разлики“ може да ја објаснат разликата.

Голем дел од културните разлики се поврзани со карактеристиките на учениците. Во принцип, виетнамските ученици се повеќе фокусирани и посериозно ги сфаќаат своите училишни обврски. Кај нив е помала веројатноста да имаат неоправдани отсуства и да бегаат од часови. Тие поминуваат три часа повеќе учејќи надвор од училиштето од учениците во другите земји во развој. Тие чувствуваат помалку анксиозност во врска со математиката и се посамоуверени за тоа како ќе ја искористат во иднина.

Постојат и други разлики. Родителите во Виетнам имаат поголема веројатност да бидат вклучени во академскиот живот на нивните деца и да им помогнат во училишните активности. Структурно, образовниот систем е поцентрализиран. Наставниците се помалку автономни - нивните перформанси повеќе се следат и со тоа е повисок акцентот на постигнувањата на учениците во споредба со другите земји во развој.

Но, уште поважно, Виетнам се чини дека инвестира повеќе во образованието од другите земји во развој. Оваа земја има пониско ниво на економски развој од другите земји, родителите на учениците не се толку образовани, а има помалку училишта во градовите и повеќе во селата и помалите градови - сите нешта кои не се баш погодни за добар образовен систем.

И покрај економските недостатоци, квалитетот на инфраструктурата во училиштата е подобар во Виетнам, како и образовните ресурси на училиштата. Исто така, постои рано образование, а виетнамските деца почесто посетувале предучилишно образование отколку другите ученици.

Се разбира, овие фактори го објаснуваат само половина од јазот на достигнувањата на учениците. Останатиот дел од феноменот останува мистерија. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование