X
 07.07.2018 Живот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Уругвај: „За ништо не служи титулата првак во светот ако нашите деца не знаат каде е Русија“

Селекторот на Уругвај, 71-годишниот Оскар Табарез, кој своевремено бил професор во училиште, порачува: -За ништо не служи титулата првак во светот ако нашите деца не знаат каде е Русија... Затоа исполнете го ветувањето за зголемување на буџетот за образование.

Еден од најценетите фудбалски селектори во светот е токму Оскар Табарез. Ова не е случајно бидејќи 71-годишниот селектор е светски рекордер по бројот на водење на националниот тим на меѓународни натпревари.

profesor
Фото: Wikimedia


Симпатичниот господин е селектор на репрезентацијата на Уругвај веќе 12 години. Во Уругвај го нарекуваат „Учителот“ (бил професор во училиште). Не затоа што е толку долго на местото селектор на репрезентацијата, туку поради тоа што секогаш го насочува вниманието на важноста на образованието во општеството, особено кај децата, како услов за севкупен развој на земјата.

Пред една недела Табарез напишал писмо чија порака ги премина границите на Уругвај и е доста јасна и гласна:

- Драги земјаци, овие денови ќе одиграме еден од најважните натпревари. Поддршка, поддршка и солидарност од секој Уругваец се неопходни, а ништо не служи титулата првак во светот ако нашите деца не знаат каде е Русија и зошто во француската репрезентација има толку играчи со потекло од Африка. Ова е момент за исполнување на даденото ветување - на нашите млади луѓе да им се обезбедат најдобри услови за школување, да го доведеме нашето образование на врвот на меѓународната листа. Ова е момент да се исполни ветувањето за вложување 6 отсто во буџетот за образованието - вели тој.

Табарез додаде дека како тренер, но и наставник, му дава признание на секој наставник во Уругвај за неговите напори, посветеност и одлучност, бидејќи играат на тежок терен.

- Противникот на овој терен е тежок и многу силен - недостигот на стимулација и мотив, недостигот на училиштен прибор, тежината на предавањата и програмите, големиот број ученици во клупите и над сѐ недостигот на препознавање на желбата и напорот на овие луѓе да изградат подобро општество - рече Табарез.

На крај, тој порачал:

- Пејте ја нашата химна гласно, најсилно и ние ќе знаеме како да ви се оддолжиме. А тие мора да го исполнат  што го ветија - 6 отсто од буџетот за образованието.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот